Парламентарните избори во Србија на 21. јуни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, истакна дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 21. јуни.

После претставниците од политичките партии кои најавиле излегување на престојните избори, Вучиќ наведе дека го прифати предлогот на поединечни партии кои побараа 38 дена до одржувањето на изборите.

Претседателот рече дека не очекува во мај да има никакви предизборни собири, особено не во затворен простор, а во јуни ќе се чекаат мислењата на лекарите и епидемиолозите.

Втора мала пречка се нотарите кои ги нема доволно да ги заверат потписите , па така меѓу партиите е договорено да освен нотарите, и општинските заверувачи да можат да заверуваат потписи за поддршка.