По заканите на дел од помалите политички партии за напуштање на власта симптоматичен е односот на ВМРО-ДПМНЕ кои на секој начин сакаат да ги придобијат овие партии. За барањата за една изборна единица од партијата на Мицкоски претходно велеа дека се за мнозински модел а во еден момент и ги блокираат измените поднесувајќи амандмани, но сега велат дека ги поддржуваат. Деновиве одговорија и на барањето на Стојанче Ангелов кон инсистира на закон за бранителите и се изјаснија дека овој закон ќе го донесат кога ќе дошле на власт.
„Иако се поминати 22 години од случувањата во 2001 година се уште имаме 17 семејства на загинати бранители кои не се обесштетени и има околу 30-ина воени инвалиди кои исто така не се обесштетени и ние предложивме измени на законот, но власта го одби нашиот предлог и не сакаше да разговара на таа проблематика.“, рече Ковачки.
Го губи ли Ковачевски полека мнозинството со напуштањето на малите партии. Тој претходно се изјасни дека владиното мнозинство е стабилно а вчера рече дека за барањата на помалите коалиционери ќе седне да разговара повторно.
„Со господинот Стојанче Ангелов ние веќе разговаравме. Разговаравме и со коалиционите партнери ќе имаме средба во однос на барањето кое што барање веќе го имаме практично разгледувано меѓутоа со оглед на законска неможност да се реализира ќе седнеме повторно за да може да се изнајде решение. Во однос на законските предлози за една изборна единица исто така се договоривме дека дискусијата треба да се води во рамки на Собранието.“, изјави Ковачевски.
Покрај помалите партии, барања пристигаат и од Алијанса за Албанците кои неодамна влегоа во власта, кои сметаат дека при отворањето на Уставот треба да се смени и формулацијата 20 проценти. Ковачевски рече дека приоритет на уставните измени се обврските од преговарачката рамка, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
