Патник од Милано кој слетал во Скопје заврши на инфектива – се вршат испитувања дали има коронаврус, итно е изолиран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нешто пред полноќ со вонредно соопштение информираа од Министерството за здравство дека на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип.

Според информациите, се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста.

Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Читај исто така: