Патот го завршија, но не и препукувањата: Кој лаже, а кој навистина го изградил патот Страцин-Крива Паланка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кој лаже, а кој навистина го изградил патот Страцин – Крива Паланка, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжија со меѓусебни препукувања и обвинувања. Опозиционерите велат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже и се кити со туѓи перја затоа што СДСМ започна да го гради уште во 2018, а во 2023 почна асфалтирањето додека ВМРО-ДПМНЕ тогаш го блокирала проектот. За експресниот пат Страцин – Крива Паланка ДПМНЕ само пресече лента и направи неколку стотина метри асфалт и ништо друго, велат од СДСМ.

Вратија од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека СДСМ со години тапкале во место со изградбата на овој пат а дека владата на ВМРО-ДПМНЕ го направила за 6 месеци.

Експресниот пат Страцин – Крива Паланка со вкупна должина од 25,5 километри беше пуштен во употреба вчера, а неговата вредност изнесува 94 милиони евра средства обезбедени преку кредит од Светската банка и грантови. Инаку, овој пат е дел од Коридорот 8.