Патот на интеграцијата минува преку Софија – Османи утре на средба со неговиот австриски колега

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека патот на Северна Македонија кон ЕУ поминува преку Софија а не со лобирање низ европските метрополи и со притисок врз Бугарија ,  изјавил Радев во интервју за бугарско радио. Според него бугарската позиција кон Македонија е објективна и добра, усвоена со консензус во Парламентот на Бугарија, но за жал не е добро промовирана во ЕУ.

„Ние сега имаме апсолутно обединета позиција со владата на темата РС Македонија. Треба да сме единствени се додека нашите браќа не разберат дека патот на земјата до членството во ЕУ не треба да биде по долгата траса со лобирање низ европските престолнини и притисок врз Бугарија. Патот до ЕУ, како што му кажав и на претседателот Стево Пендаровски и на специјалниот пратеник (Владо Бучковки), минува низ Софија“, истакна Румен Радев.

Договорот за добрососедство од 2017 од бугарска страна е исполнет со добронамерна наивност но не ја исполни бараната волја. Затоа предложив анекс, но според него бугарската влада со задоцнување постави “црвени линии“, рекол Радев.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе се сретне со неговиот австриски колега, Александар  Шаленберг и министерката за ЕУ и Уставот на Австрија,Каролин Едштадлер.

„Во фокусот на средбите се очекува на се најде европската интеграција на Северна Македонија, а ќе бидат разменети и мислења за севкупните билатерални политички и економско – трговски односи.Министрите ќе се осврнат и на внатрешно – политичката состојба во Северна Македонија, односите со соседите, регионалната соработка, како и за други актуелни регионални и меѓународни прашања“, велат од МНР.

Во овој контекст ќе се разгледаат обидите, соработката и координацијата меѓу двете земји во третирањето на предизвиците од пандемијата. Вчера, премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија останува посветена на решавање на прашањата со Бугарија но не знае кој е проблемот и што бара Бугарија.