Пациентка почина на скопските клиники по операција за вадење камен во бубрег: Сопругот ја бара вистината

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На скопските клиники по операција за вадење камен во бубрег, почина 32-годишна жена од Тетово. Нејзиниот сопруг бара објаснување и вистина за причините за смртниот исход, пишува Телма.

По операцијата на 19 јуни, настанало крварење и бубрегот бил отстранет во повторна операција.

Пациентката била префрлена на КАРИЛ, каде починала еден час по полноќ.

Сопругот размислува за правен пат, бидејќи сè уште чека резултати од обдукцијата и верува дека не биле преземени сите неопходни мерки.