Array

Пазарџиите најавуваат протест во петок, новиот Закон за пазари нема да го почитуваат

НАШ ПРЕДЛОГ

ЧУДО ВО ИЗМИР: После 33 часа извадено лице од урнатините (ВИДЕО)

Лице после 33 часа било извадено од под урнатините од една зграда во Измир.

Во државава има 183 амбулантни возила – министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила

По денешниот случај со Струмица, каде јавно директорот бараше донации за ново амбулантно возило ТВ21 потсетува на...

Град Скопје ќе испрати помош за настраданите од земјотресот во Измир

Градот Скопје ќе испрати помош за настраданите од земјотресот кој го погоди Измир, во Турција, пренесува Агенција...

Продавачите на „Зелен пазар“ револтирани, најавуваат протест. Како и секој друг ден излегле да работат, но велат дека се револтирани и разочарани од барањата на новиот закон за „Зелен пазар“. Илија и Бранко веќе 20 години работат на пазар. Тие велат дека пензионерите се тие кои го одржуваат пазарот и дека досега не ги посетил никој. Велат дека се изненадени од новиот закон, со кој се бара лиценца и забранува пензионерите да работат на пазар.

Лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари. Некои од нив велат дека немаат големи приходи од пазарот и дека таму работат бидејќи државата не им обезбедила соодветна работа.

Од Министерството за економија велат дека незадоволните треба да се обратат до Собранието, бидејќи овој закон го изгласале пратениците.

Пазарџиите најавија протест за во петок, каде ќе имаат и конкретни барања. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Инаку во Македонија Зелени пазари има во над 50 општини кои бројат околу 20 илјади тезги. Само во Скопје има 13 зелени пазари и еден сточен пазар.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ