Претседателот Стево Пендаровски, денеска оддаде почит за првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, и за загинатиот претседател Борис Трајковски.
Пендаровски утрово на 30 годишнината од независноста на Македонија, положи свежо цвеќе во нивните вечни почивалишта.
„Почит за првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Не ги забораваме неговите заложби за мир и стабилност. Почит за загинатиот претседател Борис Трајковски. Ќе остане запаметен како лидер визионер.“, напиша Пендаровски на својот профил на „Фејсбук“.
