Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска изјави дека планира да се вакцинира против коронавирус штом вакцината ќе ги помине сите тестирања и ќе биде достапна.
„Апсолутно да. Јас не сум бил никогаш против вакцините. Ако науката во тој дел има спречено или искоренето многу болести, зборувам наназад 100 години, нема причина да не веруваме во најголемите светски умови кои добивале и Нобелови награди за таа работа. Се разбира, зборувам за вакцина која ќе ги помине сите тестирања, сите атестирања и ќе добие на крај лиценца од државите. Не можам да поверувам дека во Европската унија, во една Германија, вакцините кои ќе бидат во употреба ќе бидат така половично тестирани и ќе си правиме експерименти со луѓето“, посочи Пендаровски.
