Пендаровски се заблагодари на честитките од Бајден: Нашето парнтерство ќе продолжи да им користи на нашите народи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, се заблагодари на честитката на Џо Бајден испратена по повод Денот на независноста – 8. септември.

„Му благодарам на претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Р. Бајден President Joe Biden за упатената честитка по повод Денот на независноста на македонската држава.


Како сојузници во #НАТО, како што вели и претседателот Бајден во честитката, Северна Македонија и САД ги обединуваат нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.