Пендаровски: Сочуство до турскиот народ за страшната трагедија предизвика од земјотресот во Измир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, испрати порака на сочуство до турскиот народ, по земјотресот кој го погоди делот околу градот Измир во Турција, при кој загинаа најмалку шест лица, а преку 150 се повредени.

„Сочувство до турскиот народ за страшната трагедија која ја предизвика земјотресот во близина на #Izmir. Неколку човечки животи згаснаа, над двесте лица се повредени, а материјалната штета е огромна. Сочувство и до нашите грчки соседи за загубите во силниот земјотрес кој денеска покрај Турција, ја погоди и Грција, предизвикувајќи загуби на човечки животи, повредени лица и значителна материјална штета. Во нашите мисли се сите кои изгубија членови на своите семејства и свои блиски луѓе.“, напиша Пендаровски на својот профил на „Фејсбук“.

Сочувство до турскиот народ за страшната трагедија која ја предизвика земјотресот во близина на #Izmir.
Неколку човечки…

Posted by Stevo Pendarovski on Friday, October 30, 2020