Пендаровски за РСЕ: Да се почнат уставните измени за да се покаже кој е за или против ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поларизација на македонското општество особено е видливо во евроинтеграциските процеси на земјава вели шефот на државата Стево Пендаровски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Едните се За а другите Против вели Пендаровски, но и покрај тоа што нема целосен политички консензус односно потребното мнозинство за уставните измени, смета дека треба се отпочне со тој процес.

„Мислам дека е подобро да се влезе во таа процедура за конечно кога ќе треба да се гласа, дали ќе биде тоа првото гласање за кои исто така се неопходни две третини или последното да се издиференцираат оние два блока кои се веќе видливи во македонското општество на политичката сцена. Ни претстојат за десетина месеци избори парламентарни и претседателски и мислам дека граѓаните на Македонија треба да ја знаат нивната перспектива ако гласаат за едниот или за другиот блок. Низ ова прашање се прекршуваат и многу други прашања“, рече Пендаровски.

Пендаровски и со критики кон Европската унија вели зарем треба забрзано членство во Европската унија поради војната во Украина.

„Ако вие дадете статус на кандидат на Украина и на Молдавија и ако вие и дадете со одредени условување на Босна и Херцеговина, имено заради војната во Украина, моето прашање е до европските званичници и другите претставништва и амбасади овде, што ќе се случи кога, дај Боже уште утре да престане војната во Украина. Не би сакал да видам моментум за приклучување на Западниот Балкан вклучително и на Македонија во Европа само затоа што има војна некаде на континентот“, вели Пендаровски.

Во однос на уставните измени кои се потребни за продолжување на патот кон членство во Европската унија, најверојатно во среда ќе се одржи лидерска средба меѓу премиерот Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.