Пензиите пуштени, долги редици пред банките – Општина Тетово: Пензиите да се носат до дома по пошта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните кои чекаат ред пред банките, бараат конкретно решение од надлежните органи и велат дека немаат како да ги земат нивните пари, иако додаваат дека се чувствуваат загрозени. Се плашат од влошувањето на ситуацијата и но и дека можат да останат без пари. За ваквата ситуација ги обвинуваат банките, каде работи само еден или два шалтера, а од Владата и општината бараат решение.

„Каде да одиме доколку се блокираат патиштата и да не излеземе воопшто, каде да земам пари, храна, затоа дојдов да земам пензија“, вели граѓанин.

„Може да се најде решение но нема кој да работи таму внатре. Шефот на банката тоа го прави секогаш. Тие гледаат дека само двајца вработени има на шалтер, а 150 лица чекаат надвор. Ова е голем проблем“, посочува граѓанин.

„Потребни се работници, ни велат да чекаме надвор, не не пушат внатре, таму има само еден вработен. Се плашиме, како да не се плашиме, чекаме цел ден“, додава граѓанин.

„Загрозени сме, но што да правиме“, изјави граѓанин.

Од Кризниот штаб на Тетово велат дека побарале и дека се уште бараат од Народната банка да се најде некакво решение за повозрасните лица, со цел тие да не чекаат во ред за пензии.

„Кризен штаб Тетово донесе одлука да се бара од Народна Банка преземање на конкретни мерки и банките во Тетово да го регулираат работното време во ова кризно време и да се изнајде модел пензиите да ги добиваат преку пошта, со што постарите лица да немаат потреба да се собираат пред банките“, велат од Кризниот штаб во Тетово.

Од прогласувањето на вонредната состојба, ТВ21 информираше дека пред банките граѓаните чекаат по неколку часа, но досега институциите упатија само апел, но не преземаа ништо конкретно.