Пензионерите во Свети Николе протестираат по повод подршка на браќата кои се осудени во 27-ми април и како што велат да побараат оставка од претседателката на Сојузот на пензионерите на Македонија, Станка Трајковска.
-Ние сме овде за да дадеме подршка на браќата односно осуденици од 27-ми април коишто се така наречено неправилно осудени и како иницијативни одговори од Свети Николе, Куманово, Штип, Радовиш, Конче и така натака, даваме подршка за ослободување на тие невини души да еднаш веќе се реши тој проблем и затоа сме тука и воедно заради нашиот проблем којшто е во смисол дека ние веќе бараме да не застапуваат пред органите адвокати и да побараме оставка од госпоѓата Станка Трајковска, изјави еден од претставниците на пензионерите кои протестираат.