На 30.10.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, управувано од В.Б.(46) од Република Србија удрило во пешакот Б.Д.(64) од с.Облавце.
Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.