Поминаа 7 недели откако автобусите за јавен превоз пристигнаа во Тетово, но тие се уште стојат на паркинг и не се пуштени во употреба.
Директорот на претпријатието Тетово-Транспорт, Дарко Спировски, вели дека претпријатието е во фаза на спроведување и до крајот на април можно е барем една линија да почне да функционира. Рутата на таа линија се очекува да биде од автобуската станица, булеварите Илирија и Илинден, до Универзитетот на југозападна Европа.
А Тетовци едвај чекаат нивниот град да добие јавен превоз.
-Би користел автобус, но не верувам дека ќе бидат пуштени бидејќи нема добра организација во општината и долго ќе трае.
-Автобус ми се нозете, здрави ми се а на кој му треба нека бара автобус.
-Не знам што да кажам. – Дали би се возеле со автобус? Зошто да не, би се возел.
Општинскиот совет на Тетово го усвои барањето на компанијата во Тетово да функционираат три линии. Инаку 5-те автобуси пристигнаа во Тетово на 17 јануари годинава. Нивната вредност е 720 илјади евра.
