Пет лица повредени во експлозија на гас во германски Мемингем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица се повредени во експлозија на гас во градот Меминген во германската покраина Баварија, јави ДПА, повикувајќи се на полициската служба.

Според Билд, не е исклучена нова експлозија на местото – зградата на баварскиот Црвен крст. Аугсбургер алгемајне објави дека експлозијата се случила во 5 часот наутро по Гринич.

Полицијата ја евакуираше областа. Експлозијата најверојатно се случила поради неисправна цевка за гас што минувала под улицата каде што се наоѓа зградата.