Пет лица приведени за семејно насилство!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 29.05.2026 во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. Против Л.Н. е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и истиот е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

На 29.05.2026 во 12:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 49 годишна партнерка и нејзиниот син.

На 29.05.2026 во 11:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ц.(44) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 39 годишна сопруга.

Во СВР Тетово во текот на вечерта биле регистрирани два настани поврзани со пријави против лицето В.Р.(57) од Тетово. Имено на 29.05.2026 година во 23:40 часот, неговата 78 годишна мајка пријавила „загрозување на сигурноста при семејно насилство“, бидејќи во семејниот стан лицето кршело предмети и агресивно се однесувало. По што на 30.05.2026 година во 00:17 часот, нивната сосетката пријавила, дека на 29.05.2026 година околу 18:10 часот, В.Р. заѕвонил на нејзината врата и со остар предмет и нанел повреди. Лицето В.Р. со асистенција на полицијата и Итната медицинска помош Тетово е пренесено и хоспитализирано во соодветна здравствена установа во Скопје.

На 29.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека на 27.05.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот поранешен вонбрачен партнер Џ.Р. и упатил закани.

На 29.05.2026 во 15:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле Д.Д.(24) од Велес, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 25-годишна невенчана сопруга.

На 19.05.2026 година во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Н. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка и и упатувал вербални закани по нејзиниот живот.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.