Пет шумски работници кои оделе на работа, загинале во експлозија на импровизирана експлозивна направа недалеку од градот Кулп на југоистокот на Турција.
Локалните власти за експлозијата ги обвинија курдските бунтовници од провинцијата Дијарбакир кои во минатото изведувале слични напади.
Војската веднаш почна акција за да ги уапси напаѓачите.
