Петар Богојески позитивен на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на партијата „Македонски концепт“ Петар Богојески е позитивен на Ковид-19. Тој ова го обелодени преку Фејсбук каде најпрво се пошегува, а потоа им порача на сите кои биле во контакт со него, да се тестираат.

„Пријатели, Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување! (согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција)

До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми… Утрово бев на тестирање со стапчињата на Бил Гејц… ми вградија чип и ме заразија! Целта им е да ме спречат да му помогнам на Трамп да победи!!!

Шала на страна, Ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите! Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам!“, напиша Богојески на својот профил на Фејсбук.

Пријатели,
Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување!
(согласно антиген брз тест – но морам да…

Posted by Петар Богојески – Petar Bogojeski on Wednesday, November 11, 2020