Петковски и бугарските аналитичари едногласни во ClickPlus: Не ни треба надворешна помош за решавање на спорот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последно прашање за гостите вчерва во „Клик Плус“ на ТВ21, беше дали е потребна меѓународна помош во разговорите за решавање на отворените прашања, и аналитичарот Љупчо Петковски, и бугарските аналитичари Стефан Дечев и Константин Павлов одговорија дека тоа не е потребно.

„Дека сме зрели да решаваме сами спорови, најдобар доказ е Договорот од Преспа со кој го решивме долгорочното прашање“, рече Петковски.

Павлов, пак, вели дека помош од надвор нема ништо да промени од позицијата која е сега, а на истото мислење беше и Дечев.

Претходно во „Клик Плус“ зборуваше и Димитар Бечев кој не го подели истото мислење, односно рече дека можеби треба да се размислува да се вклучат и историчари од странство.