Петмина загинати во пад на авион во Тексас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица загинаа кога мал авион се урна во близина на Остин, Тексас, доцна во четвртокот, потврдија локалните власти во петокот. Несреќата се случила околу 23:25 часот по локално време во Вимберли, место оддалечено околу 65 километри од Остин, пишува Ројтерс.

Националниот одбор за безбедност на сообраќајот и Федералната администрација за воздухопловство ќе го истражат падот на авионот „Цесна 421Ц“.

Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата, а Канцеларијата за внатрешна безбедност и управување со вонредни состојби на округот Хејс соопшти дека првичните извештаи укажуваат дека авионот се движел со голема брзина во моментот на ударот.

Агенцијата, исто така, потврди дека втор авион, кој бил во близина во времето на несреќата, безбедно слетал во Њу Браунфелс.