Петре Шилегов од СДСМ можен кандидат за министер за транспорт и врски?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според партиски извори на ТВ21 од СДСМ, името на екс-градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е едно од можните имиња за нов Министер за транспорт и врски.

ТВ21 стапи во контакт со Петре Шилегов, но тој ниту ја потврди ниту ја демантираше ваквата вест.

Инаку в среда премиерот Зоран Заев својата оставка ќе ја депонира во Собранието, веднаш по годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Најдоцна до средината на јануари според најавите од Влада, Македонија треба да добие нова Влада на која најверојатно на чело ќе застане Димитар Ковачевски како премиер.