Петриња во Хрватска повторно се „тресе“, ноќеска нов земјотрес – „Беше како експлозија, страшен звук“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 3, 5 степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во централниот дел на Хрватска, во близина на Петриња. Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот се случил во 1.23 часот по полноќ, на 14 километри од градот Сисак.

Интензитетот на земјотресот се смета за умерен, но жителите од околните места, сведочат дека потресот бил многу силен, пренесува „Јутарњи“.

„Се тресеше како експлозија“… „Страшен звук, а потоа и тресок, ја потресе целата куќа.“… „Куќата се тресеше и прозорците се тресеа. Страшно будење од сон“„

се дел од коментарите на жителите на Петриње.

Според Хрватската сеизмолошка служба земјотресот се случил 8 километри јужно од Петриње, местото кое во декември минатата година речиси целосно беше разурнато од серијата силни земјотреси, при што загинаа четири лица.