Петрова: Ги зајакнавме внатрешните контроли после трагедијата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изјави дека по трагичниот случај во Кочани се засилени внатрешните контроли и дисциплински постапки во УЈП.

„Во континуитет покренуваме дисциплински постапки и вршиме санкционирање за различни прекршоци. Не можам паушално да тврдам дека била пракса, туку се базираме на потврдени случаи. По трагедијата во Кочани, веднаш започнавме со подобрување на внатрешните механизми кои овозможуваат превенција на неправилности и засилена контрола на работењето,“ изјави Петрова.