Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во гостувањето во „Бизнис21“ потврди дека на секоја четврта контрола имало неиздавање на фискални сметки.
„Не се само овие 4000 контроли во кои секоја 4 контрола или 25% завршија со констатација за неиздавање фискални сметки односно неевидентиран промет. Сите овие проверки покажуваат состојби како фискални уреди кои што не се наоѓаат на адресата каде се регистрирани, фискални уреди кои што немаат печат или налепница од овластен сервисер, забележуваме појави на несоодветно евидентирање на прометот, има неуплата на дневниот пазар во банка и.т.н“, вели Петрова.
