Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека постојат компании кои си го толкувале законот на некој свој начин и погрешно пресметувале даноци.
Како што вели, се работи за една групација од мали и средни компании.
„Треба да се работи со даночните обврзници, да се информираат“, посочи Петрова.
