Петрова во „Бизнис21“ одговара колку лица во последните три месеци не земале плата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 соопшти дека бројот на работници кои не добиле плата во последните три месеци е во пораст.

Според податоците на УЈП, во август плата не им била исплатена на околу 10.200 лица, при што околу 7.000 фирми биле евидентирани како неплатувачи. Во септември бројката расте на 11.100 работници и околу 7.400 фирми.

Најголем скок е забележан во октомври, кога без исплатена плата останале околу 16.000 лица, а бројот на фирми што не исплатиле заработка достигнал 9.000.

Петрова истакна дека дел од овие субјекти се мали фирми со само еден вработен, но сепак трендот е загрижувачки и ќе биде предмет на дополнителни контроли.