Петровска: Многу лажни вести беа пласирани околу францускиот предлог

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата #ClickPlus на ТВ21 вели дека многу лажни вести биле пласирани околу францускиот предлог.

„Хибридните закани се многу поопасни од конвенционалниот начин на војување затоа што тие се невидливи, меѓутоа ги гледаме на разни други начини“, вели Петровска.

Петровска вели дека по започнувањето на војната во Украина, на Северна Македонија и се случува хибридна војна преку ширење лажни информации или дезинформации кои се пласираат целно, за да се постави погрешна слика за тоа што се случува.

„Кога стануваше збор за францускиот предлог и за негова презентација во јавноста исто така многу брзо беа лажно соопштувани некои информации, дополнително ширење на дезинформации во таа насока се со цел да се направи една многу лоша, непогодна атмосфера во општеството“, вели министерката Петровска.

Целиот разговор погледнете го во продолжение: