Петровска: На барање на Украина испративме воена опрема за одбрана од руската агресија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека на барање на Украина испратиле воена опрема за одбрана од руската агресија.

„Она што е многу важно да се каже кога зборуваме за Украина дека од првиот момент ја осудивме таа агресија која и се случи на украина од проста причина затоа што сметаме дека таа е неоправдана и дека Украина со ништо не испровоцира било каков вид на таква агресија. Од тие причини Република Северна Македонија се приклучи кон санкциите, меѓутоа и на предлог на Министерството за одбрана од Владата беа одобрени три одлуки со кои дониравме различен вид на воена опрема и вооружување“, вели Петровска.

Таа смета дека институциите не криеле дека Северна Македонија ќе и испрати воена опрема на Украина и додаде дека опремата што државата и ја донирала е Украина да се одбрани од руската агресија.

Повеќе од разговорот во продолжение: