Петровска за аферата со сексуално вознемирување: За ваков настан до овој момент не сум известена!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска на пратенички прашања упати прашање до премиерот дали знае за сексуалното малтретирање кон офицерки во Армијата.

„Во АРМ има сериозни случаи на злоупотреби на службената позиција и сексуално малтретирање на подредени офицерки и војници од страна на високи офицери вклучително од страна на генерали и началници во воената безбедност. … Истите високи офицери за возврат им ветувале унапредување и школување на Воената академија и други бенефити“, вели Драган Ковачки.

За овој настан вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 ја прашавме Министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа вели дека за ваков наводен скандал досега не е информирана.

„Ако нешто до мене стигне како информација, секогаш без двоумење и притоа без да водам јас истрага, јас веднаш го повикувам Шефот на военото разузнавање и информирам за сите информации кои стигнале до мене“, порача Петровска.