Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денес на прес конференција истакна дека криминалот во Лотарија се проширил, а Артан Груби и Перпарим Бајрами злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра.
„Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат.
Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто.
За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС.
СДС знаеле, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт.
Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати?
Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни.
Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа“, вели Петрушевски.