Петрушевски за законот за бранители: Секој кој што загинал или е повреден вршејќи должност, државата треба да го обештети!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 проговори и за Законот за бранители.

Како што вели тоа е евтин популизам на СДСМ.

„Секој кој што загинал или е повреден вршејќи службена должност, државата треба да го обештети“, вели Петрушевски.

Сепак, тој не го поддржува ставањето и на војниците на ОНА во овој закон, затоа што, како што вели, не може да се стават во ист кош.