Петуниите со овој градинарски трик растат побрзо од кога било и стануваат побујни

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Петунијата е меѓу најубавите цвеќиња поради раскошните цветови и разновидните бои, а доаѓа и во различни големини. Со овој градинарски трик ќе расте „како од вода“ и ќе биде побујна од кога било.

Добро знаеме дека цвеќето е украс на секоја градина и на многу домови. Нема ништо поубаво од тоа да се видат прекрасни цветови кои воодушевуваат, и со мирисите и со боите.

Петуниите се прекрасен украс на секоја градина, но и тераса – убаво мирисаат и имаат цветови во најразлични бои. Овој цвет не бара комплицирана нега. Ако сакате да цветаат побујно и нивната грмушка да има убав облик, треба да ги следите советите на искусните градинари.

Нега на петунии

На петуниите им е неопходно сончево место. Потребни им се најмалку шест часа сончева светлина дневно. Се полеваат два до три пати неделно, а во најтоплиот период од годината речиси секој ден. Се препорачува полевање со отстоена вода во утринските часови.

Покрај правилното полевање и изложување на светлина, најважно е петуниите редовно да се прихрануваат, доколку сакате силно и здраво растение кое често и обилно цвета.

Најдобро е да се користи органско ѓубриво на база на дрвен пепел. Тоа се однесува на додавање пепел кој останува по согорување дрво за огрев, директно во почвата или во комбинација со компост или хумус.

Исто така, често се препорачува почвата во која се садат петуниите да се збогати со зеолит и цимет.

Важно е петуниите редовно да се кројат, почнувајќи од пролет и во текот на целото лето. Кога на стеблото ќе се појават четири цветови со листови, централниот цветен изданок треба да се отстрани за да се поттикне ширење на грмушката.

Оваа постапка се повторува секогаш кога изданоците ќе достигнат должина од околу 12 сантиметри. Тогаш се скратуваат за околу три сантиметри, по што петуниите растат „како од вода“. Се препорачува тоа да се прави рачно за грмушката да добие сферичен облик, бидејќи користење ножици може да доведе до поинаков тип на разгранување.