Писмото со многу критики за судството кое американската амбасадорка Ангела Агелер го испрати до институциите, предизвика хаос во Судски Совет. Судиите почна со меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен, а седницата заврши со разрешување на претседателката на советот, Весна Дамева. Седумте члена на советот гласаа за нејзино разрешување кое го предложи потпретседателот на советот Селим Адеми.
Разрешена претседателка, Весна Дамева, рече дека оваа одлука е против законска и дека со тоа повеќе задоволни ќе бидат одредени поединци од политиката. Според Дамева, Советот е претворен во анархија.
На овој епилог му претходеше жестока дебата меѓу членовите на советот а судијката Мери Радева повика секој судија да ја врши одговорно својата работа. Премиерот Димитар Ковачевски, го коментираше писмото на Агелер. Се согласува дека навистина неколку предмети се одлоговлекуваат и дека од повисоки се праќаат на пониски инстанции.
И претседателот, Стево Пендаровски, изјави дек ова состојба и овие критики не претставуваат ништо нови туку биле присутни од порано.
Инаку Агелер на 11 април испрати писмо до извршните и судските органи, каде ја изрази својата загриженост за последните одлуки на Апелација за враќање на повторно судење на предмети од висок профил. Според неа, оваа пинг-понг игра, разнесувајќи ги предметите од еден суд во друг, уште повеќе ја намалува довербата во судството.
