Писмото на Дехари не стигна на време до Мицкоски?! Разрешен е од НП „Шар Планина“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Писмото кое В.Д. директорот на Јавната установа национален парк „Шар Планина“ и дел од ДУИ, Ибрахим Дехари го испрати до премиерот Христијан Мицкоски очигледно не стигнало на време, па така Дехари е разрешен од својата функција.

Ибрахими, кој е и потпретседател на тетовскиот огранок на ДУИ, е разрешен од Управниот одбор на Јавната установа национален парк „Шар Планина“ пред писмото да стигне до премиерот, дознава ТВ21.

Според нашите информации, „за“ гласале три члена на одборот, додека пак двајца биле против.

За потсетување, во текот на денот Ибрахими испрати јавно писмо до Мицкоски во кое бара тој да остане директор на Националниот парк, како што вели во писмото, „бидејќи не е член на ниту една политичка партија“.

На прашање на ТВ21, Ибрахими изјави:

„Не сакам по секоја цена да останам директор! Мицкоски да внимава кого ќе го донесе, оваа институција е основана со многу жртви и напори“.