„Иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ, и тие што преговараат да влезат што поскоро“, рече Тонино Пицула, европратеникот кој беше соговорник во вечерашниот „Клик Плус“ на ТВ21.
Пицула најпрво зборуваше за нон-пејперот, а потоа кажа дека сите шест земји од Западен Балкан требад а бидат дел од ЕУ.
„Сигурно дека тој нон-пејпер почна да се споменува во контекст на словенското претседавање со Европската Унија, меѓутоа премиерот Јанез Јанша тоа веднаш го демантираше. Дали некој преку неговата канцеларија се обиде да пласира порака во овој момент е тешко да се шпекулира, меѓутоа јас мислам дека вистинските автори на тие документи се оние кои со исцртување на некои имагинарни граници на Западен Балкан би го свртиле вниманието од некои актуелни проблеми со кои тие земји се соочуваат, кои имаат различни демократски и економски и безбедоносни дефицити и тогаш би создале еден амбиент во кои сите решенија би биле рамноправни, од членството во Европската Унија до не зачленувањето во Европската Унија и поврзаноста со некои други држави во светот. Знаете, тогаш ги правите и рамноправни соговорници, јас мислам дека тој резултат би ги задоволил авторите на нон-пејперот и треба многу јасно да се каже не, а се надевам пред се тоа ќе биде Европскиот Совет, дека иднината на шесте земји од Западен Балкан е во Европската Унија и према тоа со преговорите треба да се забрзаат со тие кои преговараат, а со тие кои сакаат да преговараат, со нив треба да започнат преговорите што побрзо“, рече Пицула.
