Лицата со посебни потреби повеќе од една деценија бараат плажа погодна за нив. Изработени се неколку проекти, одредени се локации на брегот на Охридското езеро, но досега не е преземено ништо, велат од Здружението „Мобилност“.
Со години овие лица се соочуваат со пречки, а неодамна надлежните власти им рекле дека езерото е под заштитна на УНЕСКО и дека е можно брегот на езерото да се бетонира.
Но, од здружението се на став дека има алтернативни решенија, како што е во поразвиените земји каде плажите за лица со телесен инвалидитет функционираат без никако проблем.
Оваа категорија граѓани, наместо да летува во нивната држава, тие патуваат во соседните земји поради немање услови на плажите во Охрид и Струга.
Велат доколку се обезбедат услови за пристап до езерото, тоа би привлекло и странски туристи. Се надеваат дека еден ден и тие ќе можат без никаква пречка да се капат водите на Охридското езеро.
