Пленковиќ: Мигрантите во Хрватска доаѓаат како туристи, а потоа се трансфомираат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На самитот во Брисел лидерите на земјите членки го договорија текстот на декларацијата за миграција во која повикаа на зголемена соработка со земјите од кои доаѓаат мигрантите и преку кои преминуваат во ЕУ и ја истакнаа потребата од усогласување на визната политика на соседните земји со европската.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по самитот изјави дека го посочил проблемот со визната политика на земјите југоисточно од Хрватска.

„Го потенциравме проблемот што треба да го решиме, а тоа е дека нашите соседни земји треба да се усогласат со визната политика на ЕУ, бидејќи 40 отсто од мигрантите кои илегално влегуваат во Хрватска дошле од нашите соседни земји како туристи без визи, а потоа од туристи се трансформираат во мигранти“, рече Пленковиќ.