Ергин Борова живее во Холандија, а во родното место дошол со цел пливајќи да отиде од Охрид до Струга со цел да се отвори центар за деца и лица со посебни потреби во Струга кој се затвори пред една година.
Борова ја оствари својата цел и центарот ќе биде отворен наскоро.
„Имаше една организација пред нас која се занимаваше со престој и грижа за лицата и децата со посебни потреби, но тие активности запреа и децата немаат каде да се обратат и ние си зедовме за обврска да продолжиме со истата активност“, вели Ергин Борова.
Ергин вели дека добиле објект за дневен престој за овие лица, но во иднина размислуваат да истиот да прерасне во центар за 24 часовна грижа.
„За да се изгради поголем објект за постојан престој ќе ни требаат повеќе средства и донации, за тој дел од проектот сме во преговори со МТСП“, посочи Ергин Борова.
Општината ќе помогне со храна и двајца едукатори, а другите активности ќе се реализираат со средства од надвор и со помош на печалбарите.
