По 10 дена без медиуми – „Слободата е убава работа!“, вели Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако 10 дена беше надвор од медиуми и настани, вчера камерата на ТВ21 го „фати“ премиерот Зоран Заев како го напушта седиштето на СДСМ.

Го прашавме како е да се биде 10 дена без медиуми, на што тој одговори дека слободата е убава работа.

Инаку, вчера во СДСМ се одржа Извршен и Централен одбор каде беше донесена одлука да биде одложена оставката на Зоран Заев од претседател на партијата но и на другите оставки, поради, како што велат, ситуацијата во државата.