По 12 години и 177 епизоди – заврши една од најпопуларните серии на денешницата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ПОСЛЕ 12 години трчање и 177 епизоди, заврши серијата The Walking Dead.

Последната епизода од популарната пост-апокалиптична хорор серија беше емитувана синоќа, 20 ноември, а финалето се фокусираше на преостанатите преживеани, предводени од Дерил Диксон (Норман Ридус) и Керол Пелетие (Мелиса Мекбрајд), додека се борат да го надминат Комонвелтот .

11-та сезона од серијата, која беше и последна, беше поделена на три дела со по осум епизоди.

Сепак, и покрај тоа што обожавателите се збогуваа со серијата по 12 години, серијата предизвика повеќе спин-офови, меѓу кои и Fear of the Walking Dead и Tales of the Walking Dead, а беше најавен и филм.

Fear the Walking Dead е во седмата сезона, The Walking Dead: World Beyond е во втората сезона, а спин-оф серијата The Walking Dead: Dead City доаѓа.

Од серијата на социјалните мрежи се простија бројни фанови.

„Сепак моето омилено шоу на сите времиња. Не ми е гајле што велите. Ноќта беше толку горчлива“, напиша еден од коментарите.

„Финалето беше сè што сум сакал. Фала за се, The Walking Dead“, рече друг.