По 5 месеци од невремето кое предизвика штети, земјоделците се уште чекаат обесштетување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа пет месеци од градот кој ги оштети посевите на земјоделците во Тетово и општина Желино, но до денес тие не добиле обесштетување. Земјоделците тогаш изјавија дека доколку владата не ги обесштети, нема да можат да сеат следната година. Според нив посевите претрпеа голема штета од градот, а со преостанатото не можат да ги покријат ниту минималните трошоци. Апелираат до министерството да ги обесштети бидејќи во спротивно на пролет нема да можат да ја реализираат пролетната сеидба.

-Чекаме секој ден, секој час, нема да можеме да бидеме спремни да почнеме во текот на 2025 година. Посевите што си зафати градот беа од сите култури, без разлика дали некој род бил 100%, било кој 90%, некои 60%, но сите се оштетени. Не обвинуваме никого, но тоа е добра помош што може да ни ја даде Министерството за земјоделство, но како министерство, во таа насока, може да ни помогне, вели земјоделец од Тетово и додава:

-Ветувања се дадени но одговор нема. Ако ни малку не ни помогнат, нема да има земјоделци во овој регион. На пример, започнуваме со нашите први производи, бидејќи во секој производ сме имале загуби и имаме недостиг, а за почеток ни треба приход и тоа што го имавме ни го зеде природата. Ветувања има, но одговор се уште не сме добиле, а доколку не се исполни до рана пролет, земјоделците нема да имаат приход да садат.

Зам.министерот за земјоделство Фљакрон Беџети вели дека веќе е формирана комисија и за неколку општини и направен е буџетски план. Но, за некои општини се уште не, поради некомплетна документација.

-Формирана е владина комисија каде учествуваат неколку високи претставници од институциите и таа комисија е надлежна во рамки на владата и работи за оштетата во некои градови. Некои градови поминаа и формирана е владина комисија, некои градови се уште не и се очекува да се соберат сите документи и да им се додели оштета, односно на земјоделците кои претрпеле штета од поплавите, не само од последните туку и од претходните години за кои немаат земено оштета, вели Фљакрон Беџети, зам. министе за земјоделство.

Според Беџети до крај на годината ќе бидат исплатени земјоделците.

Инаку веднаш по градот, Тетово го посети и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски каде заедно со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ветија дека сите кои претрпеле штета ќе добијат пари.