За прв пат по 50 години, снег падна во Саудиска Арабија, пренесува „Спутник“.
Во неколку делови од Саудиска Арабија падна снег што е многу редок феномен откако снежните бури го погодија Блискиот исток.
Издадено е предупредување за лошите временски услови за неколку делови од земјата, а најпогодениот регион е Асер, каде наврнало најмногу снег.
Многу Саудијци објавија видеа и фотографии од снег во пустината, а најинтересни и најгледани се оние со камилите.
На крајот на јануари, температурата во Саудиска Арабија падна под нулата Целзиусови степени.
Еден корисник на Твитер напиша:
„Колку прекрасна глетка, како нешто надвор од Европа. Не сум сигурен дека тоа воопшто е тука“.
Друг корисник пак, изрази тага за неможноста да се ужива во снежните врвови на планините.
Winter is here ❄️💙
— ﮼تركي (@Capss_ll) February 18, 2021
#ثلوج_تبوك pic.twitter.com/IPUBNI2kLf
Метеоролозите соопштија дека се очекуваат температурите на крајниот север на Кралството да се намалат уште повеќе во блиска иднина, а властите издадоа предупредувања за екстремни временски услови во бројни области низ Саудиска Арабија.
