По 86 години со денешната џума, Аја Софија повторно отворена за молитва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По 86 години со денешната џума, Аја Софија повторно е отворена за молитва. Турскиот суд, на 10-ти јули ја поништи одлуката донесена во 1934 од некогашната Влада на таа земја дека тоа е музеј.

„Денеска е ден кога во куполите на Аја Софија повторно се одгласуваат текбири, техлили и салавати, и од минарињата се учат езани“, рече Ербаш, додавајќи дека денешниов ден е ден на чест и смирение.

Тој нагласи дека на 1 јуни 1453 година се извршила првата петочна молитва во „Аја Софија“.

Ербаш во проповедта се сеќаваше и на повеќе историски личности, меѓу кои и на султанот Мехмет Освојувачот, како и на сите муслимани кои го очекувале отворањето на „Аја Софија“ за извршување молитва.

„Со своето над 15-вековно постоење, Аја Софија е едно од највредните места за наука, мудрост и богослужба. Овој стар храм е извонредно претставување на ропството и покорноста кон Алах кој е господар на световите“, рече Ербаш.

„Аја Софија е симбол на ослободувањето и аманет на Фатих. Аја Софија е место каде што огромната милост на исламот уште еднаш е прогласенa во светот“, нагласи тој.

Ербаш потсети дека по ослободувањето на Истанбул, султанот Мехмет Освојувачот на жителите кои се засолниле во „Аја Софија“ и биле загрижени за нивната судбина, им рекол да не се плашат.

„Од овој момент, не плашете се за вашата слобода и вашиот живот. На никого нема да му биде ограбен имотот, никој нема да биде персекутиран, никој нема да се казни поради неговата вера. Поради оваа причина, Аја Софија е симбол на почитувањето на верата и на моралот за соживот“, додаде Ербаш, цитирајќи ги зборовите на овој османлиски султан.

Меѓу другото, Ербаш истакна дека отворањето на „Аја Софија“ за намаз претставува упорност на народот за градење на цврста иднина со духовната моќ која ја добива од своите корени.

„Од овој момент, не плашете се за вашата слобода и вашиот живот. На никого нема да му биде ограбен имотот, никој нема да биде персекутиран, никој нема да се казни поради неговата вера. Поради оваа причина, Аја Софија е е место каде е покажано најголемото искуство на почитувањето на верата и на моралот за соживот“, додаде Ербаш, цитирајќи ги зборовите на османлискиот султан.

Ербаш рече дека во различни места во светот постојат џамии кои се нападнати, затворени, дури и бомбардирани и срушени поради исламофобијата која расте на опасен начин. Тој истакна дека стотици милиони муслимани во светот се изложени на некоја суровост.

„Ова извонредно однесување на султанот Мехмет Освојувачот во Аја Софија нека биде пример за светот и го повикувам целото човештво да каже стоп за каква било суровост, пред сѐ за антиисламски реторики и акти“, рече тој.

Ербаш нагласи дека нивната најголема задача како верници е да работат во насока на тоа милоста, толеранцијата, мирот, спокојството и доброто да владеат во светот.

„Тоа што ни припаѓа е да бидеме надеж за спас за човештвото кое се соочува со очај во вртлогот на големи проблеми. Да бидеме оние кои ќе осигураат правда во регионите кои се опколени со суровост, неправда, очај и солзи“, рече тој.

Ербаш го истакна верувањето дека земјата е заеднички дом за сите, и дека секој кој е член на овој дом, без разлика на верата, расата и без оглед на другите разлики, има право да живее безбедно, да живее со чест, да живее слободно и да живее како човек.

„Под оваа купола на Аја Софија, го повикувам целото човештво на правда, мир, милост и праведност. Упатувам апел за заживување на универзалните вредности и моралните принципи“, нагласи тој, упатувајќи апел за солидарност.

Кон крајот на проповедта, Ербаш порача дека „Аја Софија“, како и другите џамии, ќе биде отворена за сите робови на Алах, без да се прави некаква разлика.

Од 1985 година се наоѓа и на листата на Унеско за заштитени културни наследства.