Безживотното тело на спортскиот директор на турскиот фудбалски лигаш Хатајспор, Танер Савут (48) беше пронајдено во вторникот под урнатините, повеќе од две недели по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Телото на Савут неговиот брат го идентификувал прстенот, а неговиот идентитет подоцна бил потврден со ДНК тест.
„Длабоко сме тажни поради загубата на нашиот спортски директор Танер Савут. Нека Семоќниот има милост на нашиот учител, нашето сочувство до неговото семејство и навивачите. Нема да ве заборавиме, господине Танер. Вие сте секогаш во нашите срца. Се вели во соопштението на Хатајспор.
Неговото тело беше пронајдено во близина на местото каде што пред три дена беше пронајдено телото на напаѓачот од Гана, Кристијан Ацу, кој настапуваше за истиот клуб. Потрагата по нив траеше со денови, а за жал заврши на најлош можен начин. За време на својата играчка кариера, Савут настапуваше за Фенербахче, Гезтепе, Сакарјаспор и Аланијаспор.
