Најмалку 18 мигранти загинаа во бродолом кај источниот либиски град Тобрук за време на викендот, а 50 сè уште се водат како исчезнати, соопшти денес Меѓународната организација за миграција, повикувајќи се на извештаи.
Досега се пронајдени десет преживеани, според соопштението.
„Оваа најнова трагедија е силен потсетник за смртоносните ризици што луѓето се принудени да ги преземат во потрага по безбедност и можности“, соопшти Меѓународната организација за миграција.
