По четири камерунски ракометарки, од СП исчезна и Иранка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако пред неколку денови од Светското првенство (СП) кое се одржува во Шпанија исчезнаа четири камерунски ракометарки, од вторникот и се губи секоја трага и на една иранска репрезентативка.

Шпанската полиција објави синоќа дека во вторникот исчезнала ракометарка од репрезентацијата на Иран, без да го објави нејзиниот идентитет.

Претходно, шпанскиот спортски весник „Марка“ објави дека од СП исчезнале четири камерунски ракометарки.

Наведувајќи го идентитетот на четирите ракометарки, на возраст од 24 до 28 години, „Марка“ објави дека тие исчезнале од хотелот пред дуелот од разигрувањето за пласман од 25. до 32. место против репрезентацијата на Ангола.

Камерунската ракометна федерација ја потврди веста за исчезнувањето на своите ракометарки и додаде оти девојките ја понеле со себе целата своја гардероба од хотелот, сугерирајќи дека станува збор за планирано бегство.