По договорот со Бугарија за добрососедство има напредок во историските и политичките интерпретации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи во Македонија Бујар Османи во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека по договорот со Бугарија за добрососедство има напредок и во историските и политичките интерпретации.

„Не мислам дека овој начин на комуникација е решение, прво поради формата затоа што политичар и новинар разговараат за дијагностицирање на историските прашања, затоа ние во договорот сме решиле – тоа да го оставиме на историчарите, научниците за да можеме тие две патишта да ги одвориме, бидејќи додека беа споени не напредуваше ниту една агенда, откако ги раздвоивме во 2017 година има напредок“, посочи Османи.