По емисијата на ТВ21 Владо Јовановски доби поддршка и од „Свети Спас“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По емисијата на ТВ21 „И јас сум тука“ во која 40-годишниот Владо Јовановски упати апел до сите хуманитарни луѓе да му помогнат, вчера беше посетен и од страна на хуманитарната организација Свети спас.

Тие во својата објава на Фејсбук профилот велат го посетивме семејството, однесовме пакет со храна и хигиенски средства и 6.000 денари за лекови кои ги донираше нашата анонимна сестра од Кисела Вода и можевме лично да се увериме во вистинитоста на сето она што го кажаа на ТВ21.

Хуманитарната организација „Свети спас“ упати апел до сите граѓани за помош на Владо и неговата мајка кои живеат под кирија со минимални примања и Владата на Република Македонија мора веднаш да се вклучи и да му помогне на ова семејство.

Инаку, Владо Јовановски синоќа беше посетен и од страна на министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека ќе направат се што можат, и дека како министерство за здравство ќе се потрудат за операцијата на Владо.